Тер Штеген потпиша нов договор со Барселона и ќе има помала плата

Марк Андре тер Штеген, голманот на Барселона, потпиша нов петгодишен договор со шпанскиот шампион, со кој ќе има за 30 отсто помала плата.

Германецот со овој потег ги освои срцата на навивачите и управата на Барселона бидејќи сака да му помогне на тимот кој има сериозни проблеми со финансискиот ферплеј.

https://twitter.com/FCBarcelona_es/status/1695037809474641967?s=20

Барселона за да може да ги регистрира сите фудбалери за претстојната сезона во Ла Лига, мора да ги ревидира договорите со дел од своите фудбалери и Тер Штеген е еден од првите кој одговори позитивно на барањето на управата. Со новиот договор, Тер Штеген ќе добие помалку пари, но ќе остане две години подолго на „Камп ноу“.

Тер Штеген во Барселона пристигна во 2014 година од Борусија Менхенгладбах во трансфер вреден 12 милиони евра и досега освои пет титули во Ла Лига, една во Лигата на шампионите, петпати триумфира во шпанскиот Кралски куп и по еднаш во европскиот Суперкуп и во Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести