Тер Штеген: Ретко гледам фудбал, не ги знам имињата на противничките фудбалери

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, во интервју за „Ел Паис“, призна дека не познава многу од играчите кои се обидуваат да ја спроведат топката во неговиот гол.

„Не гледам многу футбол, само ако има убав меч или игра некој мој пријател. Некогаш ме прашуваат за името на играч и врска немам како се вика. Во Шпанија често ми се случува да не ги знам имињата на ривалите. Кога анализираме по видео снимка, знам кој е напаѓачот, знам како се движи на терен и како шутира, но не и името“ – вели Тер Штеген.

Тер Штеген кажа дека му се допаѓа атмосферата на „Сан Паоло“ во Неапол, а ја направи и разликата од „Камп Ноу“ до стадионите во Германија.

„Во Германија се пејат многу песни и поддршката е кон тимот, а фановите на Барселона ги ценат деталите и добрите потези на играчите. Стадионот на Наполи не е многу модерен, но има нешто специјално. Сакам мечеви како против Атлетик Билбао кога публиката дава голема поддршка“ – изјави Тер Штеген.

- Оглас -

Најнови вести