Тер Штеген треба да издржи да не прими гол во првите 54 минути!

Најголемото фудбалско дерби во светот, меѓу Реал Мадрид и Барселона се игра вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, а домаќините се во фаворитска улога. Реал Мадрид има 78 бодови, дури осум повеќе од каталонскиот гигант, што значи дека е многу блиску до освојување на титулата.

Кралскиот клуб го има и најефикасниот напад, што значи дека голманот на гостите Марк Андре Тер Штеген ќе биде пред голем предизвик. Тер Штеген брани добро во Ла Лига и има низа од 583 минути без примен гол. Личниот рекорд на Тер Штеген е 636 минути без примен гол во шпанското првенство, што значи дека ако успее да ја сочува мрежата незатресена на Ел Класико во првите 54 минути, ќе постави нов личен рекорд како голман на Барселона.

Што се однесува до клупскиот рекорд, Тер Штеген е зад двајца голмани на Барселона. Клаудио Браво имаше 755 минути „сува мрежа“, а рекордер е таткото на Пепе Рејна, Мигел Рејна кој имал 824 минути без примен гол во сезоната 1972/73.

Апсилутниот рекорд во шпанското првенство е во сопственост на Абел Ресино од Атлетик Билбао кој во сезоната 1990/91 имал неверојатни 1.275 минути без примен гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести