Познати се термините за пат на Македонија во Катар (Фото)

Двата клучни бараж дуели, ако стасаме до финалето ќе се играат од 20.45 часот, а Македонија најпрво во тој термин ќе и гостува на Италија на 24. март, веројатно во Рим, па потоа на 29. март, ако ги победиме Аѕурите во ист термин од 20.45 часот ќе им бидеме гости на Португалците, или на Турците.

Така одлучи денешната ждрепка во Цирих, а Македонија го доби најтешкиот можен пат кон прво и историски Светско првенство.

Сите дуели во баражите ќе се играат во ист термин од 20.45 часот, освен мечот меѓу Русија и Полска, кој е закажан за 18 часот, а Македонија се падна во најтешката Ц група од четири репрезентации.

Во останатите баражи на 24. март ќе играат Велс против Украина, Шкотска со Австрија во А групата, Русија со Полска и Шведска со Чешка во Б групата и Италија со Македонија и Портигалија против Турција во Ц групата.

Домаќини на финалињата беа одредени со ждрепка, а предност на свој терен во најважните мечеви за 12 репрезентации што играат во баражите ќе ја имаат Русија, или Полска во А групата, Велс, или Австрија во Б групата и Португалија, или Турција во нашата Ц група.

 

- Оглас -

Најнови вести