Терзиќ за среќа брзо го заборави гепекот и ќотекот – Играше за Форентина по белградскиот хорор

Алекса Терзиќ ја остави зад себе хорор епизодата од пред две седмици, кога во Белград за малку ќе беше киднапиран, а беше претепан од банда напаѓачи кои му барале рекет од 5 илјади евра.

Вчера 20-годишниот лев бек ги играше последните десеттина минути за Фиорентина против Цитадела во Купот на Италија.

Терзиќ одигра само два меча за сениорскиот тим на Црвена ѕвезда и летово се пресели во Фиорентина за сума од 1,7 милиони евра.

Беше во посета на родниот град Белград пред две седмици и доживеа хорор како од филмовите. Банда со автомобил „ауди А6“ го следела Терзиќ и во првиот обид го застанале барајќи му пет илјади евра. Потоа момчето успеало да побегне, но во целиот хаос се забил со својот автомобил во такси возило, па напаѓачите го претепале и се обиделе да го внесат во гепекот од нивниот автомобил со италијански таблички.

За среќа на Терзиќ, таксистот повикал полиција, а фудбалерот успеал да побегне. Подоцна напаѓачите биле пресретнати од полицијата и уапсени.

Терзиќ е еден од најталентираните млади играчи на Србија, а вчера играше и за Фиорентина, иако преживеа опасен напад што можеше да го чини и живот.

 

- Оглас -

Најнови вести