Тесен пораз на Пелистер од Широки, Караџовски утна шут за победа

Битолски Пелистер загуби со 82-83 од Широки во АБА 2 лигата на меч од турнирот во Сараево и сега тимот на тренерот Марјан Илиевски има една победа и четири порази. Другиот македонски претставник во Втората јадранска лига, МЗТ Скопје Аеродром, утре од 15 часот се среќава со Хелиос санс.

Пелистер имаше шанса да го добие мечот со Широки, но Димитар Караџовски утна шут за тројка на две секунди до крајот. Малешевиќ со 27, Кесар со 23 и Трајковски со 12 поени беа најефикасни во битолскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести