Тешка битка за опстанок ќе се води во Тетово

Ренова и Силекс како двете екипи кои моментално ги заземаат местата кои водат во разигрувања за опстанок во Првата лига, ќе водат тесна битка во Тетово да излезат од таа црвена зона.

Колото број 28 во ПМФЛ денес стартува со овој дуел кој е закажан во 13 часот, во кој домаќините се фаворити за нијанса иако немаат забележано триумф против Кратовци во последните четири меѓусебни дуели. Воедно, Ренова во дуелите како домаќин против Силекс доби само два од последните пет меѓусебни меча, во кои на последните два нема постигнато ниту еден гол.

Двете екипи влегуваат во средбата со разочарувачка форма. Силекс загуби три, а славеше во два натпревари во претходните пет кола, додека Ренова има само една победа, со по два порази и ремија.

Разликата на табелата е смо еден бод, Силекс има 29, Ренова 28, а триумф за било која екипа ќе значи прескокнување на Академија Пандев која е на осмото место со 31 бод.

- Оглас -

Најнови вести