Тешка повреда на екс вардарката Андреа Лекиќ, за неа ЕП е завршено (Видео)

Српската репрезентативна ракометарка, Андреа Лекиќ, на вечерашниот меч од Европското првенство помеѓу Србија и Холандија, се здоби со повреда, изгледа на ахиловата тетива, и според првичните информации, за неа шампионатот е завршен.

Некогашната ракометарка на Вардар се повреди при еден доскок, и на носила беше изнесена од салата. Без неа, шансите на српската репрезентација за добар пласман на ЕП се намалуваат.

- Оглас -

Најнови вести