Тешка повреда на ѕвездата на Индијана (Видео)

Индијана пејкерс на следните неколку мечеви сигурно ќе биде без еден од своите најдобри играчи, Виктор Оладипо. На мечот против Торонто, домаќините се радуваа на триумф, но лоша вест е повредата на Оладипо.

По еден контранапад на Торонто, Оладипо се обиде да ја пресече топката, но, едноставно, се лизна и падна директно на коленото. Мораше да реагираат и лекарите, па Оладипо мораше да биде изнесен од теренот.

„Едноставно, се лизнав и веднаш знаев дека е нешто сериозно. Лекарските прегледи ќе покажат колку треба да паузирам“, рече Оладипо веднаш по мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести