Тешко дека Столе ќе го видиме во дресот на Барса, која се „дави“ во проблеми и мораше да го одложи новото засилување

Барселона се соочува со големи финансиски проблеми, а нов шок за Каталонците дојде токму денеска.

Иако беше закажана промоцијата на Феран Торес како ново засилување, таа мораше да биде откажана поради „административни причини“.

Под тоа се подразбира дека е пробиен лимитот за плата, кој е значително намален од Шпанската фудбалска федерација и изнесува 70 отсто од вкупниот буџет.

Поради тоа ќе мора да се продадат уште неколку играчи со високи примања за да се ослободи простор за 11-те милиони евра годишно коишто ќе ги зема Торес.

Сето тоа е доволен показател дека ќе биде навистина тешко да се изменаџира и трансферот на Столе Димитриевски во јануари.

Особено што Барса испадна од Лигата на шампионите и со тоа дополнително се намалени приходите за оваа година.

- Оглас -

Најнови вести