Тешко му паѓа разделбата со Севилја, Ракитиќ се изнаплака на простувањето со клубот (Видео)

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ кариерата ќе ја продолжи во Ал-Шабаб во Саудиска Арабија, а денеска имаше церемонија на простување со неговиот досегашен клуб Севилја.

Ракитиќ е испратен како легенда, за Севилја има одиграно 323 меча, а од клубот му се заблагодарија и му порачаа: „Ова не е збогум, туку само до следно видување“.

Хрватот е разочаран и тажен што мора да си оди, но по доаѓањето на тренерот Кике Санчес Флорес, падна во втор план и најдобро решение беше да замине и да ја прифати понудата на Саудијците кои одамна го бараа и беа упорни во обидите да го ангажираат. На Ракитиќ не му се допадна што клубот застана на страна на тренерот и му порача на Хрватот дека слободно може да си оди.

За време на говорот, Ракитиќ неколкупати не можеше да ги запре солзите, емотивно го преживува ова што му се случува. Иван рече дека ќе се врати во Севилја, но не како играч.

- Оглас -

Најнови вести