Тешко оди без Дончиќ, Далас дома загуби од Јута на стартот на НБА плејофот

Вечерва почна главното разигрување за титулата во НБА лигата, а Јута џез веднаш направи брејк на гостински терен и поведе со 1-0 во победи, победувајќи го Маверикс во неговиот Далас со 99-93.

Донован Мичел со 32 (19 во третата четвртина) и Бојан Богдановиќ со 26 поени, беа најдобри стрелци кај Јута, додека Руди Гобер придонесе со 17 скока. На Џезерите работата им беше олеснета бидејќи кај Далас го немаше повредениот Лука Дончиќ.

Во отсуство на Дончиќ, поголема одговорност презедоа Џејлен Брансон кој уфрли 24 поени што е негов плејоф рекорд во кариерата, и Спенсер Динвиди со 22 поени.

- Оглас -

Најнови вести