Тетовецот Фали Рамадани не успева да ја намали цената за трансфер на Игуаин во Челзи

Тетовецот Фали Рамадани е клучниот човек на Челзи во акцијата да се ангажира Гонзало Игуаин од Милан, но засега обидите му се неуспешни. Игуаин игра за Милан како позајмен играч од Јувентус.

Рамадани, како што објави „Скај спорт Италија“, имал разговор со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, но не успеал да ја намали цената што ја бара „старата дама“ за трансфер на Игуаин во Челзи.

Гонзало формално сè уште е фудбалер на Јувентус, пратен на позајмица во Милан, па шампионот на Италија се обидува да го продаде, но Челзи не сака скапо да плати фудбалер што има 31 година. Јувентус во јули 2016 година го купи Игуаин од Наполи за сума од 90 милиони евра, па се обидува да си врати дел од парите.

Со доаѓањето на Маурицио Сари како менаџер на Челзи, Рамадани ја има главната улога во ангажирањето на засилувања за клубот од „Стемфорд бриџ“, па е одлично запознаен со политиката на лондонскиот клуб. Тука врската е силна, бидејќи Сари му беше тренер на Игуаин во Наполи, а Рамадани одлично го владее италијанскиот фудбалски пазар.

Мино Рајола од Истокот, како што го нарекуваат Рамадани, е еден од најпознатите фудбалски менаџери во Европа, а застапува познати и реномирани фудбалски имиња од калибарот на: Иван Перишиќ, Самир Хандановиќ, Никола Калиниќ, Матија Настасиќ, Адем Љајиќ и уште многу други.

 

- Оглас -

Најнови вести