Тежок меч за типување, како Мексико ќе се снајде на снегот и екстремниот студ во Едмонтон?

Временските услови ќе бидат важен фактор на вечерашниот натпревар помеѓу Канада и Мексико од квалификациите за СП во Катар од зоната КОНКАКАФ (Северна и Средна Америка).

Метеоролозите прогнозираат дека за време на мечот во Едмонтон ќе има студен ветер и дека температурата ќе падне до -11 степени. На жешките Мексиканци, кои не се навикнати на толку ладно време, ќе им биде многу тешко да играат во такви услови. Снегот падна претходно, но теренот би требало да биде чист. Проблем ќе биде необично големиот студ како за ноември.

И Канада и Мексико се во добра позиција да се пласираат на СП заедно со САД како три најдобри тима од тој дел на светот.

- Оглас -

Најнови вести