Тежок пад го одбележа тренингот во Мото 2: Летна од моторот како од катапулт (Видео)

Водечкиот во Мото 2 шампионатот, Лука Марини имаше тежок пад на денешниот тренинг на патеката Ле Ман, за Големата награда на Франција.

Во текот на целиот тренинг, времето беше прменливо и тоа создаде проблеми за возачите. По околу 10 минути од вториот тренинг, Марини ја загуби контролата над моторот и буквално беше катапултиран. Тренингот веднаш беше сопрен, а по моторциклистот брзо стана, што беше одлично ако се знае каков беше падот.

Иако не покажа знаци на повреда, Марини заврши во болница на детален преглед.

https://youtu.be/fjJPA_0E5tY

 

- Оглас -

Најнови вести