Тежок почеток за Раниери, против Емполи не игра и Заниоло?

Николо Заниоло се повреди на денешниот тренинг на Рома, а тоа нов проблем за новиот менаџер на римската волчица, Клаудио Раниери.

На самиот почеток од новата авантура во Серија А искусниот стратег има многу проблеми со повредени играчи. Во Рома е вистинска болница, а покрај Ундер, Пасторе, Де Роси и Пелегрини сега на списокот се најде и Заниоло.

Тоа ќе биде огромен хендикеп за Рома, бидејќи Заниоло блеска сезонава и се промовираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Италија.

- Оглас -

Најнови вести