Тежок удар за Ајнтрахт: Се повреди рекордното засилување

Новото засилување на Ајнтрахт Франкфурт, Џибрил Соу, се здоби со повреда на бутниот мускул, поради која ќе мора да паузира околу два месеци. Швајцарецот поради тоа не ќе може да биде на располагање кај тренерот Ади Хитер за стартот на сезоната во Бундеслигата.

Соу беше еден од главните играчи во тимот на Јанг бојс минатата сезона кој придонесе да се освои шампионската титула за првпат по 32 години. Токму затоа германските Орли го направија рекордно засилување, за кое издвоија девет милиони евра.

Соу претходно играше и за Борусија Менхенгладбах, така што има бундеслигашко искуство иако има само 22 години. Навивачите на Ајнтрахт ќе може да уживаат во него дури во почетокот на септември.

Инаку, сегашниот и поранешниот тим на Соу ќе се сретнат вечерва, во 20 часот, на пријателски турнир.

- Оглас -

Најнови вести