Тежок удар за Реал Мадрид, Крос не игра против ПСЖ

Еден од најстандардните фудбалери на Реал Мадрид, Тони Крос, му задава голема главоболка на Карло Анчелоти и верјатно нема да игра против Пари Сен Жермен во реванш-дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Крос се жали на болка во тетивата и денеска не тренираше со соиграчите. За утре се закажани дополнителни прегледи и снимање, а Крос сигурно нема да игра викендов против Реал Сосиедад.

Минимални се шансите и за настап на Германецот на реванш-дуелот со ПСЖ во Мадрид, во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ на 9 март, а парижани доаѓаат со предност од 1:0 од првиот меч.

Крос играше на 29 од последните 30 натпревари на Реал Мадрид, а на 27 од нив беше стартер и е една од главните алки во играта на Кралскиот клуб, па неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за најтрофејната екипа со 13 титули европски првак.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести