ТФТ го победи Пелистер, сега МЗТ Скопје Аеродром е нов лидер во првенството

Освојувачот на кошаркарскиот Куп на Македонија, екипата на ТФТ Скопје го победи Пелистер со 89:78 во меч од седмото коло на Суперлигата. За домаќините ова е значајна победа во трката за четвртото место, кое е последно што води во плејофот за титулата, додека Пелистер го претрпе петиот пораз во 29-тиот меч сезонава и ја загуби лидерската позиција на која сега е актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со скор од 25 победи и само четири порази.

Првото полувреме беше израмнето и двете екипи се менуваа во водство, но ниту еден тим не стигна до поуверлива предност. На почетокот на вториот дел беше 47:47, а потоа ТФТ со серија од 10:2, поведе со 57:49 и сигурно ја одржуваше предноста. На средината од последната четвртина, скопјани поведоа и со 89:74, па беше јасно кој ќе победи.

 

- Оглас -

Најнови вести