ТФТ со нова убедлива победа е првиот финалист во Купот на Македонија

Екипата на ТФТ Скопје е првиот финалист во кошаркарскиот куп на Македонија, откако во полуфиналето го совладаа Навико Академија со 94:72.

Во салата СРЦ „Кале“ ТФТ демонстрираше уште една фантастична партија и доминација во најголемиот дел од средбата, нешто слично како против Пелистер во четврт-финалето.

По три четвртини, ТФТ имаше резултат од 69:57, а во последната делница немаа проблеми да ја одржат, па и зголемат предноста.

Најефикасен кошаркар на теренот беше Ландриус Норис со 20 уфрлени поени.

Вториот финалист ќе го дознаеме по средбата меѓу МЗТ Скопје и Феникс 2010 која е закажана за 19:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести