Ѕвездата на Мемфис гризлис и еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Џа Морант, повторно направи глупост, повторно се снимаше за социјалните мрежи со пиштол, што наиде на голема осуда од медиумите и од поранешните кошаркари.
Grizzlies star Ja Morant was allegedly seen holding a gun on an IG Live yesterday.pic.twitter.com/bqvwbwgd9m
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) May 14, 2023
Мемфис експресно го суспендира Морант на неодредено време и во наредните денови се очекува и комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, исто така да го казни кошаркарот, а на социјалните мрежи најбруталната порака за ѕвездата дојде од Квејми Браун.
„Значи Џа, сакаш да си играш со пиштоли, а? Наместо да си играш со својот пиштол дома каде што нема камери, ти сакаш да бидеш фатен на дело бидејќи носиш огнено оружје во ноќен клуб, па потоа ќе објавиш некакво извинување и потоа повторно ќе бидеш снимен на ‘Инстаграм’. Слушнав дека си млад талент, но всушност ти си мал глупак. Ти мора да си најглупавиот морон во целата НБА-лига. Имаш загарантиран договор од 231 милион долари, а ти сакаш да бидеш криминалец, гангстер. За тебе е ОК да имаш пиштол, и тоа е во ред бидејќи е дозволено со закон, но што го покажуваш во јавност? Каква е таа музика што ја слушаш, дали те фрла во транс, глупаку? Таа глупава музика ќе те чини кариера“, му порача Браун на Морант.
https://twitter.com/i/status/1657899210962878466