Тифозите со протест кон газдата на Рома

Навивачите на Рома почнаа нова кампања против претседателот на клубот Џејмс Палота, и на јавни места низ Рим може да се видат околу 100 транспаренти со текст кој е наменет против американскиот бизнисмен со италијанско потекло.

Тифозите од Палота бараат да си замине од клубот, а подготвуваат и масовен протест кој ќе се одржи во блиска иднина, можеби веќе за неколку дена.

Незадоволството од резултатите на тимот и лошата трансфер политика на клубот се негативна комбинација која многу ги лути разочараните и гневни фанови. Во последните две-три сезони, Рома продаде играчи како Мохамед Салах, Раџа Наинголан, голманот Алисон Бекер, Кевин Стротман.

Рома вечерва ја пречекува Џенова, на трибините се очекува да има само околу 30.000 луѓе, и ако „волчицата“ не победи, најверојатно тренерот Еузебио Ди Франческо ќе добие отказ, иако претседателот Палота неодамна рече дека 100 проценти му верува на тренерот и дека играчите се виновни за слабите резултати.

- Оглас -

Најнови вести