Тик-ток ѕвездата и јутјубер си го оствари сонот, дебитираше во шпанското првенство

На натпреварот помеѓу Кадис и Валенсија немаше голови, па главен момент од средбата од шпанската Ла Лига беше влегувањето во игра на Педро Бенито, кој освен што е фудбалер, е голема Тик-ток ѕвезда со над еден милион следбеници. На Јутјуб неговиот налог има 100.000 претплатници.

Бенито првпат заигра во елитната шпанска лига, а во Кадис дојде од Мурсија. Во едно видео кое го објави лани, Бенито рече дека сон му е да стане професионален фудбалер и да заигра за Кадис во Примера дивизија. Како дете си замислувал дека дава победнички гол за Кадис во 90-та минута. Којзнае, можеби еден ден и тој сон ќе му се исполни.

Кога 21-годишниот Бенито влезе во игра на местото на ветеранот Алваро Негредо, публиката го поздрави со овации, а на трибините беше и неговиот татко Алберто, кој е поранешен играч и спортски директор на Кадис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести