Тикет уплатен „во живо“ за 45 минути му донесе 2.000 евра, друг експерт погоди два меча „два во еден“

Бериќетен беше изминатиов викенд за добар дел од обложувачите во Sport Life, а од многуте добитни тикети, посебно интересни се два, кои се посебно специфични.

Обложувач кој уплатил во Гевгелија само со 50 вложени денари си заработи 122.269 денари. Интересно е дека тикетот е уплатен на полувреме од мечевите од англиските лиги и сите се одиграни на „плус голови“.

Одиграни се девет натпревари, дел од Премиер лигата, дел од пониските лиги и тактиката кај сите била иста, а тоа е да бидат постигнати барем два гола во второто полувреме. Ако во првото полувреме немало погодоци, играта е да има на крајот барем два гола, а доколку имало еден гол во првите 45 минути, облогот е дека до крајот на средбата ќе има барем три погодоци.

На крајот сите девет мечеви се погодени, а бидејќи тикетот е уплатен „во живо“, има дополнителен бонус кој овојпат одличен и изнесува 13.072 денари.

Тикет уплатен во скопски Аеродром израдува обложувач кој одлично погодил два меча на коишто ќе има пресврти. Двата дуела се одиграни вчера и завршија со играта „два во еден“.

Фенербахче дома играше против Карагумрук и беше голем фавотит за победа, но за чудо, гостите први дадоа гол, и тоа во 39-тата минута за водство од 0:1 на полувреме. Во вториот дел, Фенербахче заигра подобро и уште во првите 15 минути во продолжение на дуелот постигна два гола и на крајот се радуваше на триумф од 2:1.

Нешто слично беше и на дуелот од белгиското првенство меѓу Андерлехт и РВД Моленбек. Гостите дадоа гол во 16-тата минута и поведоа со 1:0, што беше резултат и на полувремето. Во вториот дел Андерлехт заигра подобро и прво израмни во 74-тата минута, а дури во 90+1 минута беше комплетиран пресвртот кога домаќините постигнаа и вотр погодок за конечни 2:1.

На овие два пресврта најмногу се израдува обложувачот кој само со 200 вложени денари на крајот си заработи 82.267 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести