Тикетов како да го уплатила Баба Ванѓа: погодени точни резултати на двата тима од Милано!

Еден добитен неверојатен тикет уплатен во Sport Life кружи низ социјалните мрежи. Не се гледа каде е уплатен тикетот и колку пари се вложени, но се гледа дека е типувано на конечен резултат на дуелите Милан – Удинезе и Лече – Интер.

Квотата за победа од 2-1 на Интер е 9.75, додека за резултат 4-2 за Милан против Удинезе, квотата беше дури 51. Добивката е многукратна.

За потсетување, Интер вториот гол против Лече го постигна во последните секунди од мечот, па освен кај навивачите на Интер голема радост имаше и кај овој обложувач кој погоди две многу тешки прогнози.

- Оглас -

Најнови вести