Третиот гол со којшто Орландо сити му ја запечати судбината на домашниот Монтреал и го совлада канадскиот тим со 3-0 е еден од најубавите кои паднаа сезонава во американската МЛС-лига. Околу 17.000 луѓе видоа како тимот од Флорида „везе“ по теренот, а акцијата во која имаше 22 непрекинати додавања по ред заврши со погодок на Вил Џонсон.
Еден гол на оваа средба даде и Португалецот Луис Нани, кому тоа му беше 100-ти погодок во кариерата која ја почна во 2005 година.
https://twitter.com/i/status/1135617624438640640