Тики-така на Атлетико Мадрид за победа која го носи во Лигата на шампионите (ФОТО)

Атлетико Мадрид славеше со 2:0 на гостувањето кај Елче во рамките на 36-тото коло од шпанската Ла Лига.

„Јорганџиите“ со овие три бода дојдоа на чекор од потврда на настап во Лигата на шампионите, а головите беа дело на Матеус Куња во 28-мата и Родриго де Пол во 62-рата минута. Интересно е тоа што на голот на Куња му претходеа дури 14 пасови, што за Атлетико е навистина реткост, а тоа се случува првпат сезонава.

Тимот на Диего Симеоне сега има 67 бодови, односно шест повеќе од петтопласираниот Бетис, но има подобар меѓусебен дуел, па затоа и си обезбеди настап во најелитното клупско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести