Тим Данкан се враќа во Спарс

Сан Антонио спарс го ангажираше Тим Данкан како помошен тренер. Тој ќе му помага на својот некогашен тренер Грег Попович во стручниот штаб на клубот чиј дрес го носеше од 1997 до 2016 година.

Данкан цели 19 години му остана лојален на клубот кој го драфтуваше како прв пик во 1997, па затоа 70-годишниот Попович е среќен што покрај себе ќе го има најдобриот што го тренирал. Поп и Тими заедно имаа 1 001 победа и освоија пет титули. Данкан е прв стрелец, скокач, блокер во историјата на клубот, а има и најмногу одиграни минути и направени дабл-дабл.

„Тим ми е како син, сродна душа и тоа повеќе како човек отколку како кошаркар“, рече Попович кога се повлекуваше дресот со бројот 21.

Данкан кај Мамузите ќе го земе местото на Еторе Месина, кој го презеде Армани Милано.

- Оглас -

Најнови вести