Астон вила повеќе од 40 години чекаше да игра во елитната Лига на шампиони и тоа засега максимално го искористува. Англискиот премиерлигаш има перфектни три победи од три меча и сосема заслужено е на врвот на табелата на која има дури 36 екипи од цела Европа.
Последен пат во елитното натпреварување Астон Вила играча во сезоната 1982/83 кога се викаше Куп на европски шампиони. Во сезоната 1981/82 Астон вила стигна и до најголемиот клупски успех кога стана европски првак, а сега повеќе од четири децении, подоцна, екипата повторлно блеска.
Победи над Јанг Бојс (3:0), Баерн Минхен (1:0) и синоќа против Болоња (2:0) и тоа без ниту еден примен гол е доволен показател дека Астон вила игра одлично во елитното друштво.
https://twitter.com/i/status/1848862145418555697
„Ако продолжиме во ист ритам и продолжиме да освојуваме борови, ќе треба да ги пормоенам нашите планови и цели. Тогаш ќе се обидеме да бидеме меѓу најдобрите осум на крајот од групната фаза. Сакам тоа да се случи по природен пат. Играме добро и важно е да продолжиме да освојуваме бодови. Тоа дека немаме примено ниту еден гол покажува дека играме организирано, дека сме тактички дисциплинирани. Многу ми е мило за голманот Емилио Мартинес“, рече тренерот на Астон Вила, Унаи Емери.
Следен предизвик во четвртото коло за екипата на Бирмингем ќе биде гостувањето кај Бриж на 6 ноември.