Тим: Надал и Федерер се бесни што загубив од Ѓоковиќ

Откако Рафаел Надал призна дека навивал за Доминик Тим во финалето на Отвореното првенство на Австралија, сега и самиот австриски тенисер даде изјава во која вели дека знае дека на негова страна страна биле ривалите на Новак Ѓоковиќ. Србинот победи и за уште еден чекор им се доближи на Роџер Федерер и Рафаел Надал по бројот на освоени гренд-слем титули.

Сега Ѓоковиќ има 17 гренд-слем титули. Води Федерер со 20, а втор е Надал со 19.

„Федерер и Надал веројатно ми се лути бидејќи дозволив Ѓоковиќ да им се доближи по бројот на гренд-слем титули“, рекол Тим, кој со пласманот во финалето на АО, се искачи на четвртото место ранг-листата на најдобри тенисери на АТП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести