Тим недораснат противник на Федерер

По изненадувачкиот пораз од Нишикори, Роже Федерер брзо се врати во колосек и со 2-0 (6-2, 6-3) го совлада Доминик Тим. Швајцареот немаше премногу проблеми во остварувањето на првата победа на финалниот АТП-турнир во Лондон.

Федерер со два брејка и 6-2 го освои првиот сет, а за водство му беа потребни триесетина минути. Австрискиот тенисер пружи повеќе отпор во продолжението, иако го загуби првиот гем на свој сервис. Тим се одржуваше во игра до 4-3, меѓутоа Федерер притисна за втор брејк и го освои сетот, односно мечот, искористувајќи ја втората меч-топка.

Следен противник на Федерер ќе биде Кевин Андерсон, додека Тим ќе игра против Јапонецот Нишикори. За утре се предвидени два дуели, Новаќ Ѓоковиќ против Александр Зверев, како и Марин Чилиќ против Џон Иснер.

- Оглас -

Најнови вести