Тим: Титулата на ОП на САД е еднакво важна и без „големата тројка“

Доминик Тим ноќеска се пласираше во полуфиналето на ОП на САД, каде што силите ќе ги одмери со Данил Медведев. Австрискиот тенисер никогаш претходно не бил толку блиску да се пласира во финалето на американскиот гренслем, а смета дека титулата има иста важност во отсуство на големата тројка, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Можеби ги нема Новак, Рафа и Роџер, но тука се Данил, Алекс и Пабло. Тројцата се фантастични тенисери и заслужуваат да ја освојат титулата, исто како и јас. Сите даваме сè од себе да ја освоиме првата гренслем титула, а следниот пат кога ќе излезам на теренот ќе заборавам на големата тројка и ќе играм на најдобар можен начин“, вели Тим.

Полуфиналните мечеви се закажани за утре, Тим игра против Медведев, додека второто полуфинале е Зверев – Карењо Буста.

- Оглас -

Најнови вести