Тимо Вернер е симпатично искрен, знае дека стана синоним за утка (Видео)

Како се вика човек што многу промашува? Одговорот го знае Тимо Вернер, кој е симпатично искрен и се пошегува на сопствена сметка во видеоматеријалот што е објавен на клупската телевизија на Челзи.

„Кога промашувате многу? Аха да тоа сум јас. Можете да го викате Тимо“ е одговорот на Вернер во интервјуто на ТВ Челзи, кое стана вирален хит на социјалните мрежи.

Timo Werner talks about changing the name of "someone who misses a lot of chances" from soccer

Вернер пристигна во клубот од Лондон минатото лето, а стана познат како фудбалскиот Мистер утка, бидејќи промашува многу шанси, нешто што не беше својствено за германскиот репрезентативец додека играше за Штутгарт и Лајпциг.

За Челзи одигра 27 натпревари во Премиерлигата и постигна само 5 гола, што не е учинок на негово нивои за играч за кој лондончани му платија 80 милиони евра на Лајпциг, лани во јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести