Индиската верзија на Твитер профилот на фудбалскиот клуб Кадиз, направи интересна најава за утрешниот дуел на Кадиз против Барселона.
Кадиз има две победи и две ремија во последните четири дуели против Барса, но сезонава после четири кола уште немаат бод, и немаат постигнато ни гол. Засилената Барселона игра ефикасно и само Столе Димитриевски и Рајо куртулија од пораз против Левандовски и друштвото.
Пораката од видеото на Кадиз е: „Ако овој камион може да помине тука, зошто Кадиз да не ја победи Барселона?“
https://twitter.com/i/status/1568094345919700992