Тимот кој го исфрли Шкупи го вклучи алармот во португалското првенство

Екипата на Санта Клара пред неколку недели гостуваше во Скопје на дуел против Шкупи и лесно победи со 3:0, па на крајот со вкупни 5:0 го елиминираше нашиот тим. Потоа, Санта Клара ја елиминираше и Олимпија од Љубљана, но проблем за португалскиот тим се големиот број на заразени играчи со Коронавирусот.

На мечот против Олимпија во Љубљана, португалскиот тим беше само со 14 фудбалери и успеаа да победат со 1:0. Челниците на Санта Клара побараа од првите луѓе на португалскиот фудбал да го одложат нивниот утрешен меч против Мореиренсе, но гостинскиот состав одби да има одложување.

Токму затоа, од Санта Клара испратија соопштение. „Оваа одлука не е во духот на спортската правда, а најмногу е удар на најголемата вредност, а тоа е јавното здравје“, стои во соопштението на тимот од Азорските острови.

 

- Оглас -

Најнови вести