Тимот кој испадна од француската елита заборави еден од своите фудбалери на гостувањето во Ленс

Ажаксио синоќа загуби на гостувањето кај Ленс со 3:0 и остана на претпоследното место на табелата во француското првенство, без шанса да се спаси од испаѓање. Ленс уште во првото полувреме даде три гола и ги реши сите дилеми на дуелот против Ажаксио, а гостите како едвај да чекаа да си заминат дома.

Во тоа брзање направија еден неочекуван кикс, па заборавија еден фудбалер. Бен Хамед Туре малку подолго се задржал во соблекувалната на стадионот на Ленс, а кога излегол на паркингот, каде што требало да биде автобусот, останал шокиран.

На паркингот немало ниту еден од соиграчите, а го немало ниту автобусот. Едноставно, експедицијата на Ажаксио тргнала кон дома, а го заборавила фудбалерот. Кога Туре излегол на паркингот, кратко прокоментирал: „Ме заборавија“.

Веднаш потоа Туре контактирал со своите соиграчи за да им објасни дека го заборавиле. Еден од луѓето во Ленс решил да помогне и со својот автомобил го пренел Туре до местото каде што застанал тимскиот автобус кога дознале дека не се комплетни за враќање дома.

 

- Оглас -

Најнови вести