Тимот кој прв пат игра во Лигата на шампиони е лидер на табелата откако победи со 4:0 на гости! (Видео)

Францускиот тим на Брест е неочекуван лидер на табелата во Лигата на шампиони по започнување на мечевите од второто коло. Брест кој е дебитант во елитното натпреварување на УЕФА, беше убедлив на гостувањето кај Шахтар и победи со 4:0. Можеби делува неверојатно, но дебитантот во ЛШ има максимални шест бода по две кола и гол-разлика од шест дадени и само еден примен гол.

Серијата голови започна во 24 минута. Салцбург беше во напад, но не погоди, а Брест брзо направи контра напад и со голот на Сима поведе со 1:0. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Водството на Брест од 1:0 беше актуелно до 25 минути пред крајот, а потоа следуваше фуриозна игра на францускиот тим. Камара погоди за 2:0, потоа Сима повторно беше прецизен за 3:0 и на крајот серијата погодоци ја затвори Переира за 4:0 во 75 минута.

https://twitter.com/i/status/1841181898430652747

Во вториот меч кој заврши во второто коло, Штутгарт и Спарта Прага одиграа 1:1 во дуел на кој двата погодоци беа постигнати во првото полувреме. Милот погоди за радост на домашните навивачи, но Спарта Прага брзо возврати и со погодокот на Каиринен израмни на 1:1 во 32 минута.

На крајот тоа беше и конечен резултат, па Спарта стигна до четири бодови, а Штутгарт се израдува на првиот бод во новиот формат од Лигата на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести