Тимот на годината на УЕФА пука од квалитет – Доминираат играчите на европскиот првак

УЕФА го објави тимот на 2020 година, кој е навистина идеален и личи на дрим-тим со ѕвездите Меси, Роналдо, Нејмар, Левандовски во офанзивата.

Петмина играчи има од редовите на актуелниот европски првак Баерн, но еден, Алкантара, веќе си замина во Ливерпул.

Сепак, за доминацијата на тимот што доминираше во Европа во 2020 година тука се голманот Мануел Нојер, во дефанзивата Кимих и Дејвис, а шпиц е фантастичниот Роберт Левандовски.

Во одбраната како стопери се и Ван Дајк и Рамос, а во средниот ред покрај Алкантара, место има и за Де Бројне и за Меси.

Во нападот покрај Левандовски, во тимот на 2020 година на УЕФА играат и Роналдо и Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести