Тимот на Пандев прими велемајсторски слободен удар од „новиот“ Пирло! (видео)

Бреша е во поволна ситуација да украде три бода од гостувањето кај Џенова во мечот од деветтото коло во Серија А. Повратниците во италијанската елита се на 45 минути од само трета победа оваа сезона, а доколку минималните 1-0 се доволни за славје, ќе биде благодарение на оваа мајсторија во изведба на младиот Сандро Тонали.

Фудбалерот за кого се „тепа“ пола Европа и го нарекуваат новиот Пирло, реализира слободен удар од голема далечина, но и доста необичен агол. Топката беше на само два метри од аут-линијата, а Тонали од прекинот наместо да нафрли, ја затресе мрежата на тимот на Пандев, додека македонскиот капитен посведочи на магијата од клупа.

Тонали вечно ќе го памети погодокот не поради начинот на кој го даде, туку дека му е прв во кариерата во Серија А.

https://twitter.com/Lvdc_Vids/status/1188174470349053952

- Оглас -

Најнови вести