Тимот од 11-те најисклучувани во историјата, би можел да биде светски шампион

Специјализираниот фудбалски портал „Трансфермаркет“ направи интересен дрим-тим од играчи со најмногу добиени црвени картони во кариерата. Тимот наречен „Лоши момци Топ 11“ е спектакуларен според имињата на најисклучуваните. Листата ја предводат Серхио Рамос со 26 и Едгар Давидс со 25 црвени картони во кариерите. Третото место го држи Франческо Тоти кој добил 16 црвени.

Зад Тоти се неговите сонародници Даниеле Де Роси и Марко Матераци со по 15, веднаш потоа е Зинедин Зидан, кој го доби најпознатиот црвен картон во историјата, удирајќи го Матераци со глава во финалето на СП 2006.

Идеалниот тим на играчи „со краток фитил“ го составуваат фудбалери кои заедно добиле 168 црвени картони. На голот е Јенс Леман, кој зад себе има седум исклучувања. Во одбраната се Рамос, Пепе, Матераци и Евра. Средниот ред го сочинуваат Де Роси, Давидс, Зидан и Тоти, а најисклучувани голгетери се Златан Ибрахимовиќ и Марио Балотели.

Погледнете како изгледа формациски тимот од најлошите момци во историјата на фудбалот:

- Оглас -

Најнови вести