Тимот од Градот на Светлината оди по финале на стадионот на светлината

Лајпциг – ПСЖ (фудбал, ЛШ полуфинале, 21.00 часот)

Историски натпревар за двата тима, бидејќи кој и да победи, првпат во своето постоење ќе игра финале во елитното европско натпреварување. Францускиот првак е фаворит на хартија поради големиот индивидуален квалитет кој го поседува. Ќе има надмудрување на двајца германски стратези. Кај Лајпциг ги нема Хартман и Конате, а кај ПСЖ нема да брани Кејлор Навас, додека неизвесни се Верати и Курзава. Меѓу себе играле само во 2014, и тоа пријателски меч кој го добија Германците со 4-2. Сега Светците ги имаат Нејмар и Мбапе, кои може да му направат проблем на секој противник.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.70)

 

Сочи – Рубин Казањ (фудбал, Русија, 17.00 часот)

Сочи во првите две кола ремизираше 1-1 и 2-2, а Рубин стартуваше со пораз и реми, иако двата меча ги играше дома, и сега првпат ќе гостува. Ако се смета и минатата сезона која заврши неодамна, Рубин има црна серија од шест меча без победа. Во декември на Олимпискиот стадион во Сочи овие тимови одиграа 1-1, додека во Казањ изненади Сочи со 3-0. Во блага предност се домашните, но можеби ова е шанса да му тргне на Рубин.

Предлог тип: ГГ (2.05)

 

Рованиеми – Интер Турку (фудбал, Финска, 17.30 часот)

Тука гостите се фаворити на хартија затоа што се први на табелата, а му гостуваат на „фенерџијата“. Интер има седум победи во десетте кола и засега е најефикасен тим во финската лига, иако 19 погодоци во 10 меча и не се премногу. Интер не смее да ги дозволи кикс против екипа која во девет меча освои само два бода. Рованиеми во просек прима по два гола, а има и серија од пет порази едноподруго. Последните две гостувања кај Рованиеми, Интер ги добиваше со 1-0 и 2-0.

Предлог тип: Т2 2 +(1.50)

 

Карабах – Силекс (фудбал, квалификации ЛШ, 18.00 часот)

Македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на шампионите има тешко гостување кај силен ривал, а и патувањето и промената на временската зона (Азербејџан е два часа понапред) може да имаат влијание. Силекс добро почна во нашата лига, даде осум гола во две кола. Проблем за Карабах е што нема играно натпревар уште од 8 март и нe е познато е во каква форма се. На последните шест меча кои ги играше во азербејџанската лига, Карабах не прими гол. Домашните важат за фаворити според квотите, па кратовци ќе играат без голем притисок.

Предлог тип: 3-4 гола (2.50)

 

Милвоки бакс – Орландо меџик (кошарка, НБА плејоф, 19.30 часот)

Милвоки, кој е најдобар тим во Источната конференција, оди по своето прво големо финале. Бакс има шампионски амбиции и квалитетот е на нивна страна. Елените предводени од Јанис Адетокумбо ќе сакаат уште на првиот меч да му покажат на Орландо кој е кој. На листата на повредени кај Орландо се Амину, Бамба, Картер-Вилијамс и Ајзак, а неизвесен е Арон Гордон, додека кај Милвоки проблеми имаат Илјасова и Метјуз. Бакс има четири победи по ред во дуелите со Магичните, во тие четири дуели секогаш даваше барем 110 поени.

Предлог тип: 1 & <224.50 (2.20)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Селтик – КР Рејкјавик  Т1 4+ (2.20)

Лајпциг – ПСЖ Х2 & 3+ (2.05)

Црвена ѕвезда – Еуропа ФК Т1 2+I & 1+II (2.00)

- Оглас -

Најнови вести