Тимот Вилијамс донесе непопуларна одлука каква не се памети во историјата на Формула 1

Алекс Албон имаше инцидент на тренинзите во Мелбурн и многу го оштети својот болид, па од неговиот тим Вилијамс донесоа непопуларна и тешка одлука, викендов да имаат само еден свој претставник на квалификациите и на трката наместо двајца.

Но, она што посебно шокираше е што отпишаниот не е Албон, кој го уништи својот болид, туку неговиот тимски колега Логан Сарџент. Од Вилијамс одлучија Сарџент да биде исфрлен од конкуреција, а Албон ќе го вози неговиот болид.

Американецот Сарџент, кој не по негова вина нема да се трка викендов, рече дека ова му е најтежок момент во досегашната кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести