Тимовите кои веќе се пласираа во четвртфинале имаа најголема среќа во ждрепката

На 8 август ќе се знаат сите четвртфинални двојки од Лигата на шампионите, но првите реакции по ждрепката се дека тимовите кои уште не се пласирале во четвртфиналето, немаа баш среќа, за разлика од овие сигурните патници на фајнал-ејтот во Лисабон.

Манчестер сити или Реал Мадрид би налетале на Јувентус или Лион во четвртфинале. Ова значи дека е можно Кристијано Роналдо за првпат да заигра против Реал со кого четирипати освои ЛШ и клубот чиј прв стрелец е во историјата. Барселона ако го елиминира Наполи на Елиф Елмас, за ривал ќе го добие германскиот првак Баерн (Баварците сигурно ќе го минат Челзи, кого во Лондон го совладаа со 3-0), кој ги доби сите мечеви по паузата, а го има и најдобриот стрелец во Европа.

Да биде „трагедијата“ уште поголема, победниците од овие четвртфинални двобои потоа ќе играат еден против друг во полуфиналето. Во полуфиналето Барса би можела да налета на Пеп Гвардиола или на вечниот ривал Реал, но може и да гледаме дуел на Меси против Кристијано Роналдо. Гвардиола би можел да се сретне и со неговиот ексклуб Баерн.

Ова значи дека Лајпциг, Атлетико Мадрид, Аталанта или ПСЖ ќе бидат учесници во големото финале на 23-ти август. Германците се аутсајдери, а Атлетико, кој го елиминираше Ливерпул, ќе сака ново финале во Лисабон по она болното во 2014 година, кога во 93-тата минута им се лиза титулата од раце. За скапиот тим на ПСЖ ова е шанса сега или никогаш, а Светците од Париз и најефикасната италијанска екипа сезонава, Аталанта, имаат можност да дојдат до фаза до која никогаш не стигнале.

- Оглас -

Најнови вести