Тимовите со најдобра и најлоша одбрана во Премиер лигата, меѓусебе одиграа нерешено!

Борнмут и Њукасл одиграа 1-1 во дуел помеѓу тимот со најлоша одбрана во Премиер лигата и тимот со најмалку примени голови.

Овој резултат може да се смета за кикс за Чавките кои се борат за место во Лигата на шампионите, но тие како да се специјализираа за нерешени исходи. Ова е 11-то реми на Њукасл во 22 кола, а петто во последните шест меча.

Инаку, Њукасл има 17 меча по ред без пораз. Голот за Црно-белите го даде Алмирон, негов десетти погодок сезонава. До пред оваа сезона, тој за четири години даде вкупно девет погодоци, што докажува оти оваа му е сезона на кариерата.

- Оглас -

Најнови вести