Тинејџер од Уругвај сруши рекорд на Пеле од 1958 година, сега го сака Барселона (Видео)

Тинејџерот Николас Сири од целосен анонимус до пред неколку дена, сега е фудбалер за кого слушна целиот свет. Сири кој има само 16 години успеа да го сруши светскиот рекорд на легендарниот Пеле, кој беше недопирлив повеќе од 60 години.

Кралот Пеле беше рекордер како најмлад фудбалер кој постигнал хет-трик на сениорско ниво, кога во далечната 1958 година даде три гола на еден меч со само 17 години и 244 денови. Сега, Сири го надмина ова постигнување на Пеле. Тинејџерот во дресот на Данубио, во дуелот против Бостон ривер успеа да даде три гола, во меч од уругвајската Прва лига.

Сири прво погоди во 23 минута за водство на неговиот тим од 1:0, а потоа во второто полувреме, успеа да постигне уште два погодоци за убедлив триумф од 5:1. Хет-трикот Сири го запиша со само 16 години, 11 месеци и два дена. Уште поуникатно е што хет-трикот на Сити е перфектен хет-трик, односно по еден гол даде со левата нога, еден со десната нога и еден со глава.

Медиумите во Уругвај веќе го нарекоа Сири дека е новиот Луис Суарес, а дел од најавите се дека тинејџерот се нашол на радарот на Барселона и можно е во скоро време да го облече дресот на каталонскиот гигант.

 

 

- Оглас -

Најнови вести