Тинејџерката Гоф продолжува со сензационалниот поход на Вимблдон

Кори „Коко“ Гоф со пресврт од 2-1 во сетови (3-6, 7-6, 7-5) славеше над Полона Херцог во третото коло на Вимблдон во женска конкуренција. Петнаесетгодишната Американка продолжува да ги освојува срцата на љубителите на тенисот, а во осминафиналето ќе се сретне со поранешната најдобра светска тенисерка, Симона Халеп.

Гоф делуваше доста нервозно на стартот, па откако загуби два гема на свој сервис се најде во негатива по првиот сет. Херцог со исто темпо продолжи и во вториот сет, поведе со 5-2, но од тој момент работите почнаа да се менуваат. Популарната Коко се разигра, во десетиот гем спаси меч топка и изнуди тајбрејк кој го доби со 9-7. Во третиот и одлучувачки сет се играше гем за гем до 5-5, Гоф поведе при свој сервис и со брејк го оствари сензационалниот пресврт.

Инаку, вечерва и Новак Ѓоковиќ го доби противникот во осминафиналето, откако Хуберт го растури младиот Ожер-Алисам со 3-0 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести