Тинејџерот кој беше сензација на СП во пикадо може да заработи 40 милиони фунти

Новата светска ѕвезда во пикадо, 16-годишниот Лук Литлер, би можело да заработи неколку десетици милиони фунти по поразот во финалето на Светското првенство.

Тинејџерот кој во финалето на СП загуби од Лук Хамфрис со 7-4 во сетови, добил понуда вредна неколку милиони фунти од продуцентската куќа на боксерот Антони Џошуа за купување на правата на неговата приказна, која подоцна би била екранизирана.

„Како спортист, Антони го гледаше неверојатниот подем на Лук и смета дека неговата приказна е инспиративна. Би сакал да му помогне на Лук да ја раскаже својата приказна и Антони смета дека неговата понуда е една од најдобрите која ќе ја добие“, пишуваат англиските медиуми.

Таблоидот „Сан“ пишува дека постои вистинска војна за добивање на правата и тинејџерот и неговото семејство секојдневно добива понуди.

Според експертите за маркетинг, Лук би можело да заработи до 40 милиони фунти од продажба на правата, но и од спонзорски договори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести