Тинејџерот кој следната сезона ќе игра за Барселона го имаше дриблингот на викендот (Видео)

Педро Гонзалез Лопез е 17-годишен тинејџер кој пред неколку месеци потпиша со Барселона. Талентот познат како Педри од следната сезона ќе игра за каталонскиот гигант, а сега уште го носи дресот на Лас Палмас.

На дуелот против Луго, Лас Палмас победи минимално со 1:0, а најзаслужен за погодокот беше токму младиот Шпанец, кој имаше феноменален дриблинг, а потоа асистираше за погодокот кој донесе три бода за домаќините. Според договорот, Педри од 1 јули ќе биде нов играч на Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести