Тинејџерот Педри го направи најдобриот дриблинг сезонава (Видео)

Еден од најголемите таленти на денешницата, Педри, уште еднаш восхити со своите игри во дресот на Барселона. Иако има само 19 години, Педри веќе е незаменлив на својата позиција во каталонскиот гигант.

На синоќешниот дуел против Атлетик Билбао, Барселона победи убедливо со 4:0, а Педри иако не беше меѓу стрелците и асистентите, направи потег за памтење. Младиот играч за врска го имаше можеби најдобриот дриблинг сезонава откако успеа на атрактивен начин да го помине противничкиот играч, и тоа покрај самата аут-линија.

Свртен со грб, покрај аут-линијата, Педри успеа со петица да ја протне топката низ нозете на противникот, а дефанзивецот на Атлетик Билбао, Микел Балензијага, остана немоќен по маестралниот потег на тинејџерот.

https://twitter.com/i/status/1498052716194680835

 

- Оглас -

Најнови вести