Тинејџерот за кој ќе слушне цел свет: Шутна за тројка и не погоди, а потоа направи потег за паметење (Видео)

Француската кошарка има бисер кој допрва треба да блесне на светската сцена. Се работи за 19-годишниот Виктор Вембанјама, кој игра во Монако. Тој се промовираше сезонава во домашното првенство, а допрва се очекува да дебитира во Евролигата, а многумина очекуваат наскоро да заигра и во НБА-лигата.

Вембанјама на вчерашниот меч против Булоњ одигра 35 минути, во кои постигна осум поени, а имаше и 14 скока. Монако победи лесно и убедливо со 87:68 во мечот на двете најдобропласирани екипи во француското првенство, а Вембанјамана го имаше потегот не само на мечот, туку можеби и на сезоната во Франција.

Тинејџерот кој е висок 220 сантиметри се обиде да погоди тројка, но откако промаши, направи потег за неверување. Вембанјама тргна кон кошот, топката се одби од обрачот и високиот кошаркар не само што ја фати, туку и атрактивно ја заби во кошот.

- Оглас -

Најнови вести